More

    ВМРО-ДПМНЕ: Перките од ајкула, станаа брашно, сирење, конзерви, детска храна, Димитар Ковачевски ги поскапе сите производи за да го полни буџетот за крадење

    spot_img

    Перките од ајкула, станаа брашно, сирење, конзерви, детска храна, Димитар Ковачевски ги поскапе сите производи за да го полни буџетот за крадење, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на зголемувањето на ДДВ од 5 на 10% за оддрелни прехранбени производи.

    „Владата лажеше кога велеше дека ставката на ДДВ од 10% ќе биде само за луксузни производи како перки од ајкула, наеднаш луксуз за оваа влада станаа брашното, џигерот и сладоледот. За власта богати се сите граѓани кои јадат замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази, па затоа истите ќе треба да плаќаат по 10% ДДВ за овие производи. Не знаеме како и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли станаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо“,се наведува во реакцијата.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е насфатливо зошто се поскапува и храна за деца.

    „Мизеријата на владата оди до таму што поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините.Ова е резултат на влада која изгубила допир со реалноста, ова е резултат на влада која се заборавила во крадење на народни пари, и заборавила како живее мнозинството од народот. Потребни се промени. Секој ден поминат со  оваа власт е полош за Македонија“, се наведува во реакцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img