ВМРО-ДПМНЕ му упати предлог на Димовски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Омилениот синдикалец на власта Дарко Димовски продолжува да биде омилен човек на Ковачевски, наместо да биде омилен лидер на работниците како нивен заштитник, реагираат на изјавата на претседателот на ССМ од ВМРО-ДПМНЕ.

Дарко Димовски денеска, по информацијата дека јавниот сектор на 22 јуни стапува во генерален штрајк, му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски: „Oхрабри се и кажи им на твоите градоначалници, директори на јавни комунални претпријатија да ги зголемат платите“.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека ако Димовски ја трошеше енергијата за подобрување на работничките права, ќе беше во првите редови кога најголемата опозициска партија поднесе закон за зголемување на платите и на  пензиите.

„И еве еден предлог до омилениот синдикалец кој има шанса да престане да се додворува на власта: нека напише предлог амандман со кој ќе се направи ребаланс и предвидат повеќе пари за повисоки плати, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе го поднесат и поддржат“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article