ВМРО-ДПМНЕ: ЈПДП плаќа 2,5 милиони евра за чистење и косење трева покрај пат, по цена за квадратен метар 25 пати повисока од таа што ја плаќала „Македонија пат” со договор склучен од 2021 година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), со кое управуваат СДСМ и ДУИ, плаќа 2,5 милиони евра за чистење и косење трева покрај пат, по цена за квадратен метар 25 пати повисока од таа што ја плаќала „Македонија пат” со договор склучен од 2021 година, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„Договорот кој што „Македонија пат” го има и каде што цената за косење на метар квадратен тревна површина е 25 пати помалa од тaa на ЈПДП, е сè уште активен, но и покрај тоа ЈПДП распишува нов оглас и плаќа поскапо за истата работа. Договорот кој што „Македонија пат” го обезбедила е во вредност од 1 милион евра за две години, додека пак договорот на ЈПДП е во вредност од 2,5 милион евра. Разликата е 1,5 милион евра. Каде завршуваат 1,5 милион евра разлика во цени и дали тоа е причината за склучување на нов договор, додека сè уште постои активен договор за истата работа“ – прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот претходно го објави и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, кој на Фејсбук ја објасни разликата меѓу двата тендери.

– „Македонија пат“ има склучено договор со друга фирма за 25 пати поевтини цени на услугата за косење на трева и дрва на патен појас од цената на ЈПДП чија вредност достигнува над 2 милиони евра. Или, ако „Македонија пат“ обезбедила фирма да го направи сечењето на дрвата и косењето на тревата за 0,46 денари по м2, новата фирма од Кичево на тендерот на ЈПДП истата оваа услуга ја наплаќа 12 денари по м2. Односно, договорот на „Македонија пат“, кој е сè уште важечки, изнесува 1 милион евра за две години, а новиот договор на ЈПДП изнесува скоро 2,5 милиони евра. 1,5 милиони евра повеќе!“ – пишува Николоски.

Share This Article