Според најновиот Извештај на ЕК, во Македонија нема сериозна посветеност на реформи, оценува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, во извештајот се нотираат ад хок решенија наместо системски реформи на законодавството.
– Имено ова може да се забележи дозволувањето на нео-фашистички центри во сите градови од Македонија и историски ревизионизам.ЕК јасно нотира дека се потребни решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат и дека Извештајот го нотира и самоволието на (Талат) Џафери, и неодговорноста во Собранието.
-Имено ЕК нотира отсуството на отчетност, што јасно се гледа низ повеќемесечно незакажување на седници за пратенички прашања во Собранието. Криење од опозицијата и граѓаните. Извештајот покажува дека власта наместо да работи и да се посвети на реформи, се насочува кон стратешки погрешни цели. И наместо владеење на правото, имаме владеење на самоволието – велат од партијата.