More

    ВМРО-ДПМНЕ и Левица меѓусебно се обвинуваат за тоа кој направил кворум на седницата на Собранието на кои беа усвоени измените на Кривичниот законик

    spot_img

    Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица меѓусебно се обвинуваат за тоа кој направил кворум на седницата на Собранието на кои беа усвоени измените на Кривичниот законик.

    „СДСМ и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а спотерот, фолирантите од Левица не гласаа против измените на Кривичниот законик“, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

    ВМРО-ДПМБЕ гио повтори оценките дека СДСМ и ДУИ гласале за амнестија на својот криминал во изминативе 6 години, дека знаат дека со сигурност паѓаат и дека се спремаат за опозиција.

    „Знаат дека нема да ги имаат судовите повеќе под своја контрола и ќе треба да одговараат за криминалот кој го прават, па затоа ги намалуваат казните“, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    Партијата вели дека Левица е „лицемерна како и секогаш, наместо да се бори против и да гласа против амнестијата на криминалците од СДС и ДУИ тие им помагаат“.

    „Левица е параван за политиките на СДСМ и на ДУИ. Левица е за амнестија на криминалците од власта. Ковачевски е премиерот кој ќе остане запаметен како лидер на најнеспособната власт, а Димитар Апасиев како човек кој преку шарената револуција и криминалното СЈО помогнал да се востоличи таа најнеспособна власт на СДСМ и на ДУИ“, оценува најмоќната опозициска партија.

    Левица, партијата на Димитар Апасиев, за кворумот на собраниската седница ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

    „Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување“, се вели во соопштението на оваа партија.

    Собраниската опозиција, сочинета единствено од пратениците од Левица, одби да земе учество во озаконувањето на високата корупција, се вели во сооштението на партијата на Апасиев и се додава:

    „Блокот на партии од елитата ДПМНЕ-СДС-ДУИ, како и пред наметнатите уставни измени од т.н. Преспански договор, повторно го менува Кривичниот законик како политички договор кој највеќе ѝ одговара на оваа широка коалиција – првично, за заштита на корумпираните партиски раководства, а потоа и за повторен обид за наметнување на уставните измени за бугаризација на Република Македонија“.

    Левица вели дека останува „единствената автентична парламентарна партија која го брани народниот интерес во парламентот и ветува дека по следните парламентарни избори, повторно ќе ја заостри казнената политика и ќе го дуплира рокот за застарување на криминалите на вечната коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img