More

    ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ да преземе мерки за намалување на загадувањето, а истото тоа да го побара и од градот Скопје

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика СДСМ да преземе мерки за намалување на загадувањето, а истото тоа да го побара и од градот Скопје. СДСМ пак соопшти дека поднел иницијативата за вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух, а на ВМРО-ДПМНЕ ѝ порача дека нејзиното противење на вонредната седница, како и неодговорноста на локално ниво каде ја има власта, го покажува нејзиното лицемерие.

    Седум години откако е СДС(М) на власт, а ниту една мерка за намалување на загадувањето не е преземена. Од потрошени 20 милијарди преку буџетите, ниту едно евро не е инвестирано за почист воздух. СДС(М) пред да дојде на власт имаше главно ветување дека ќе го намали загадувањето, 7 години подоцна воздухот е уште позагаден. И не само што нема мерки на централно ниво, туку и во град Скопје, каде заедно со Арсовска ја делат власт, а и ЈСП кое директно го управуваат не прават ништо. Наместо повеќе автобуси и автобуски линии, имаме хаос во ЈСП, а парите се трошат на договори за набавка на гориво, со кои претпријатието плаќа како да купува од бензинска, а не преку тендер тежок 27 милиони евра. Ковачевски и Арсовска во интерес ги имаат само матните зделки, затоа Скопје и Македонија се гушат“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

    СДСМ соопшти дека денеска поднесува иницијативата за вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух, заедно со предлог конкретни мерки за намалување на загадувањето во Скопје:

    1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

    2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

    3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.

    4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

    5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

    6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

    7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

    „Загадениот воздух во главниот град изминатите денови е на алармантно високо ниво. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за загадувањето во главниот град. Потребна е посебна, вонредна седница на Советот на Град Скопје на којашто ќе се разговара за решенија и мерки за намалување на загадувањето, за што СДСМ има и подготвени мерки кои ги предлага. Противењето на ВМРО-ДПМНЕ да се свика вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух е неодговорно и само го покажува вистинското лице на оваа партија. ВМРО ДПМНЕ мисли само на тендери и провизии, за граѓаните воопшто не се грижи“ – соопшти СДСМ.

    Оваа партија потсетува дека измина цела една година а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, заедно со нивната коалиција со Левица и Данела Арсовска не преземаа ништо за загадениот воздух. Затоа, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати овие мерки што ги предлага СДСМ во интерес на здравјето на граѓаните.

    ВМРО-НП категорично против увезување отпад за соговорување

    ВМРО-Народна партија остро се спротивставува на иницијативата предложена од Стопанската комора за увоз на отпад за согорување како алтернативно гориво.

    Сметме дека индустријата доби доволно субвенции за овие години и во време на ковид кризата и војната во Украина и дека нема потреба од повторно менување на законот од 2020 година кога целосно се забрани секаков увоз на отпад за користење како алтернативно гориво за согорување“ – се вели во соопштението на оваа партија.

    ВМРО-Народна партија уште вели дека во парламентот нема да поддржи никаква измена на постоечкиот Закон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img