More

    ВМРО-ДПМНЕ бара директорот на Царинската управа да се извини на јавноста за ширење на лажни вести, откако дел од медиумите објавија дека запленетите хартии од вредност биле со истечен рок

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ бара директорот на Царинската управа Стефан Богоев да свика прес-конференција и да се извини на јавноста за ширење на лажни вести, откако дел од медиумите објавија дека запленетите хартии од вредност биле со истечен рок, а нивниот сопственик бил починат.

    – Стефан Богоев треба веднаш да свика вонредна прес-конференција, со иста помпа како претходната, само овојпат да се извини пред народот за ширење на лажни вести. Вчера медиумите објавија дека хартиите од вредност биле со истечен рок, притоа немаат никаква употреблива вредност, а дополнително и сопственикот на истите бил починат. Хартиите од вредност како акции, обврзници, записи се дематеријализирани, односно се во електронска форма. Тоа кај нас е сторено уште во 2001-ва година со формирањето на Централниот депозитар, така што сите видови на хартии од вредност се во електронска форма – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму додаваат и дека ја разбираат потребата на Богоев да се пофали, бидејќи нема резултати.

    – Соочен со никакви резултати, со кои би се пофалил, прави фешти пред граѓаните и ги манипулира со непостоечки и лажни случаи, но вистината секогаш излегува на виделина – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Вчера некои медиуми објавија дека запленетите обврзници се со поминат рок, а нивниот сопствени е починат, по што Царинската управа демантираше дека овие информации се точни.

    „Станува збор за обврзници со доспеан, а не со истечен рок како што е наведено. Обврзниците имаат датум на доспевање, што значи дека истите може да се ефектуираат по истекот на тој датум. Дополнително сакаме да ја информираме јавноста дека патникот кај кого се пронајдени обврзниците пред судот ја призна вината, по што е донесена пресуда од страна на судот со која обврзниците се одземени. Во исказот пред судот патникот изјавил дека имал намера да ги ефектуира обврзниците во странска земја. Финансиската истрага продолжува во соработка со сите релевантни тела и институции на национално и меѓународно ниво, со цел докажување на евентуален обид за измама или спречување на перење на пари. Истрагата ќе покаже која е реалната вредност на обврзниците и која е крајната намена на истите“, соопшти царината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img