More

    ВМРО-ДПМНЕ бара да се отвори постапка против Груби

    spot_img

    „Аудито“ на вицепремиерот Артан Груби е ново, произведено во 2021 година, и истото според кажаното и на самите министри на ДУИ е возило на Артан Груби, наведува ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на свои информации.

    „Која фирма и кој бизнисмен купува и му отстапува возило од 80.000 евра на политичар на услуга? Што е тоа што Груби го направил за фирмата и за тој бизнисмен за да добие на поклон за користење ‘ауди А6’? Дали всушност Груби стои зад фирмата Еуроком Лајтинг или тој е во одредени односи со истата и какви се тие односи? Кога приватна фирма дава услуга на политичар без надомест, во износ од 80.000 евра, очигледно е дека се работи за корупција. Институциите конечно да се охрабрат и да отворат постапка против Груби“, повика ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму додаваат дека „аудито“ на Груби е купено од Еуроком Лајтинг која од градежна фирма презела хотел на Шапка по цена од гарсоњера.

    „Според податоците кои излегоа во медиумите, Еуромкм Лајтинг е фирма која за само 55.000 евра купи хотел на Попова Шапка од една градежна компанија, која потоа добива милионски тендер од власта. Медиумите пишуваа дека Еуриком Лајтинг го добила хотелот како предуслов градежната фирма да го добие тендерот“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img