More

    Влатко Стефановски го отвори фестивалот Град Театар

    spot_img

    Во препознатливите ритми на песни како „Бистра вода“, „Чувам ноќ од будних“, „Као какоо“, „Јовано, Јованке“, „Кумова слава“ и многу други, уживаше публиката на концертот во Будва во средата вечерта, одржан одВлатко Стефановски трио и Црногорскиот симфониски оркестар, под диригентство на Џијан Емин.

    Со ова беше отворена музичката програма на 38. фестивал Град Театар. Два и полчасовниот концерт на бината меѓу црквите предизвика ентузијастички аплауз и овации од публиката, што резултираше со дури два биса.

    За време на концертот Стефановски откри дека годинава се навршуваат 50 години од неговата кариера, најави нов албум наречен „Muscle Memory“ и откри дека ќе ги објави своите мемоари.

    – Не сакам да бидам претерано амбициозен и затоа не реков дека славам туку дека одбележувам 50 години од мојата кариера. Тоа е голема разлика. Кога славите, секој ден отворате шампањ. Годишнините ги славам на различни начини. За мене е голема чест  што од познатата фабрика за жици за гитара, виолина и виолончела ‘Thomastik-Infeld’ добив жици со моето име на кои свирев и вечерва. Кроација рекордс планира повторно да издаде многу мои наслови, албумот „Путујемо“ наскоро ќе биде на винил. И мојот албум „Мајчин јазик“ ќе излезе и на винил. Излегува новиот албум и ќе се вика „Muscle Memory“. Се забавуваме, многу патуваме, работиме, се радуваме на музиката и животот. Напорно е, но кога ќе помислиме дека ќе свириме ништо не е тешко – вели Стефановски.

    Славниот македонски гитарист има посебна врска со публиката во Будва.

    – Жал ми е што не свириме во поголем простор, јас би сакал да сме пред Стариот Град. Сепак, подобро е да оставите нешто за следниот пат. Во Будва веќе се чувствувам како дома, морам да бидам искрен. Доаѓам секоја година и тоа не само за да свирам – истакнува Влатко Стефановски.

    Диригентот Џијан Емин рече дека овој концерт за прв пат бил изведен пред четири години во Скопје.

    – Се беше реализирано во договор со Влатко, тој ми даде целосна доверба да ги одберам работите што ќе ги правиме. Кога го избрав списокот, тој беше пресреќен затоа што половина од овие работи не ги свиреше со триото. Драматургијата е моја, бидејќи пораснав со оваа музика. Длабоко ги познавам „Леб и сол“ и музиката на Влатко Стефановски и ги сакам, уживам и направив некој свој „best of“. Црногорскиот симфониски оркестар беше неверојатно позитивен и ентузијастички – рече диригентот Џијан Емин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img