Властите на Њујорк прогласија вонредна епидемиолошка состојба поради ширењето на мајмунски сипаници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Властите на Њујорк прогласија вонредна епидемиолошка состојба поради ширењето на мајмунски сипаници, пренесоа светските агенции.

Според градоначалникот Ерик Адамс, околу 150.000 луѓе се изложени на ризик од инфекција.

Прогласувањето вонредна состојба ќе им овозможи на властите да издаваат регулативи насочени кон забавување на ширењето на заразата.

Од петокот, во целата држава Њујорк имало 1.345 заразени, а само во метрополата 1.289.

Следна е државата Калифорнија со 799 заразени.

Според гувернерката на државата Њујорк, Кети Хокел, таму се примени 170.000 дози од вакцината против мајмунски сипаници, а властите неодамна набавиле повеќе од 110.000 дополнителни дози.

Share This Article