More

    Властите на Нов Зеланд потврдија дека 477 китови загинале во две неодамнешни насукувања во една од најголемите вакви несреќи во земјата

    spot_img

    Властите на Нов Зеланд денеска потврдија дека 477 китови загинале во две неодамнешни насукувања во една од најголемите вакви несреќи во земјата.

    Насукувањето се случило на пооддалечената група Острови Чатам, на околу 840 километри од источниот брег на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Во саботата 232 животни се насукале на главниот остров од архипелагот, а уште 245 се најдени во понеделникот на островот Пит, 40 километри северно. Еколошката добротворна организација „Проект Џона“ смета дека ова е едно од најголемите насукувања во Нов Зеланд.

    Насукувањето китови не е невообичаено на Островите Чатам. Најголемиот поединечен настан е забележан 1918 година, кога угинале над 1.000 животни. Добротворното здружение соопшти дека презема обиди за спасување секаде каде што тоа е можно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img