Властите на Филипини наредија евакуација на десетици илјади луѓе поради приближувањето на супер-тајфунот Ман-ји до брегот на островската држава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Властите на Филипини наредија евакуација на десетици илјади луѓе поради приближувањето на супер-тајфунот Ман-ји до брегот на островската држава, пренесува Бета.

Откажани се десетици летови, а властите во североисточниот регион Бикол каде што се евакуирани околу 180.000 луѓе, предупредија на „потенцијално катастрофална ситуација опасна по живот“.

Метеоролошката служба соопшти дека супер-тајфунот Ман-ји, локално познат на Филипините како Пепито, добива на сила, со удари на ветер од 215 километри на час и огромни плимни бранови високи и до три метри.

Ман-ји ќе биде шестата голема бура што ќе ги погоди Филипини во поседните 30 дена. Минатиот месец во поплавите и одроните предизвикани од тропската бура Трами и тајфунот Кун Реј загинаа 162 лица, а 22 се водат како исчезнати.

Share This Article