Власта на антимакедонската СДСМ го крие протоколот од очите на јавноста. Тие без срам велат дека прво овој протокол ќе се потпише, а после ќе се објави, со што сакаат јавноста во Македонија да ја доведат пред свршен чин. А протоколот е клучниот домумент од предлогот. На него се повикува преговарачката рамка и овој документ всушност ги содржи сите бугарски барања. Според тоа кое што го објавија странските медиуми овој протокол предвидува конкретни обврски за Македонија во конкретни рокови. Според протоколот во точно определено време Македонија ќе треба да менува учебници, историски лекции за настани и личности, споменични обележја и се според диктат на Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова понижување кое сака власта на Ковачевски да му го направи на народот не дава европска перспектива, туку носи или бесконечни преговори или асимилација. Предлогот којшто Ковачевски и Османи се подготвени да го прифатат е спротивен на европските вредности и на европските принципи. Македонија не бара ниту повеќе ниту помалку од условите кои ги имале сите земји кои станувале членки за ЕУ, а тоа се Копенхашките критериуми. Власта на Ковачевски треба да се вразуми и да застане зад предлозите за измени кои ги дава ВМРО-ДПМНЕ со кои се обезбедува достоинствен пат и влез на Македонија во Европската Унија“, истакнаа од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека власта се инати и не ја почитува волјата на народот и тоа резултира со масовни секојдневни протести во Скопје и другите градови во Македонија.
„Затоа ВМРО-ДПМНЕ и денес дава поддршка и ги повикува граѓаните да учествуваат на масовниот достоинствен и гласен сенароден протес“, порачаа од редовите на најголемата опозициска партија.
Вечерашните протести ќе започнат од 19 часот пред Владата, а ќе се протестира и пред МНР до каде демонстрантите ќе стигнат преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.
„Апелираме на мирно и достоинствено протестирање. Апел и до Оливер Спасовски и МВР да се откаже од создавање на тензии, и да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање. Масовно и во голем број да покажеме дека одговорот на ултиматумот, ќе биде НЕ благодарам! “, се вели во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.