Власта и опозицијата се кошкаат околу реконструкцијата, дијаспората, хакерите…

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на денешното продолжение на собраниската седницата за реконструкција на Владата порачаа дека предложените промени се само за политички цели, како резултат на коалициски пазар и нема да помогнат да се решат проблемите на граѓаните. Владата, според нив, нема капацитет за справување со корупцијата, хакерските напади во институциите и секојдневните дојави за наводно поставни бомби, за подобрување на состојбите во економија и за евроинтеграциите на државата.

Во рамки на првата точка на 104. седница се расправа за разрешување на министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи од Алтернатива, откако нa претходните заседанија беше заокружена дебатата за разрешување на неговите сопартијци, министрите за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, кои ќе бидат заменети со кадри од новиот коалициски партнер – Алијанса за Албанците.

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски  „новото политичко другарство“ во Владата ќе заврши неуспешно.

– Чупи не е виновен за својата неработа, туку нивните тогашни партнери од власта. Ова за што дискутираме е веќе видено, сè е исто само различни се учесниците. Затоа ова политичко другарство ќе заврши неусепешно и неславно бидејќи е вештачка творба. Оваа Влада е најнеуспешната во историјата на државата, ваква реконструкција е непотребна и значи само купување време и вештачко одржување во живот на коалицијата на СДСМ и ДУИ – рече Мицевски.

Реплицирајќи, Ненад Коциќ од СДСМ меѓу другото истакна дека евроскептицизмот во државата се јавува поради тоа што, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста дека за да влеземе во ЕУ треба да се откажеме од јазикот и идентитетот.

– Во ВМРО-ДПМНЕ нема ништо ново освен, празни множества што ги поставивте. Немате ништо друго – потенцираше Коциќ.

Сопартиецот на Мицевски, Антонио Милошоски, оцени дека „Владата нема никаква кадровска стратегија ниту за коалициските партнери кога ги повикува и отпушта од владините кругови“.

Чупи, посочи, е само доказ дека Владата нема никаква стратегија во надворешната политика.

– Во декември 2019 го предложија за амбасадор во Пекинг, не бидна ништо од тоа, но несериозно е кон една таква држава да имате предлог и да не го реализирате.  Потоа во декември 2021 го назначија за министер без ресор за денес да го предложат за разрешување и тоа без образложение – рече Милошовски.

- Advertisement -
Ad image

Неговата сопартијка Благица Ласовска се осврна на работата на Чупи посочуваќи дека на неговата веб страница има само три-четири активности, прес-конференција, еднодневна обука,..

– Ниту го познаваме ниту пак направил нешто за една година за да биде запаметен, но секој министер спроведува политика на Владата и не смееме да заборавиме дека е избран и без образложение разрешен во Влада којашто македонскиот народ и иселенците во странство го направија дијаспора. Немаат никаква програма да се грижат за дијаспората – рече Ласовска.

Според неа, на Владата не и е важна нашата дијаспора и македонските права во која било држава, а доказ за тоа е фактот што не е предложен нов министер за диајспората.

- Advertisement -
Ad image

Во реплика Лидија Тасевска од СДСМ, рече дека Владата ја промовира научната вистина за македонскиот јазик насекаде во светот, наведувајќи ја работата на лекторатот за македонски јазик во Тирана, Педагошкиот факултет во Корча, на Универзитетот во Пекинг.

– Од оваа година македонскиот јазик се изучува во Осло, на Факултетот за литература во Истанбул, во Љубљана, во Грција официјално е отворен пред неколку месеци Центар за македонскиот јазик…  Во Викторија македонскиот јазик се изучува во пет државни училишта како дел од наставата – рече меѓу другото Тасевска.

Дебатата ќе продолжи во 15 часот по редовната пауза на пратениците.

На дневен ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина. На оваа седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици. На стартот на седницата што почна на 13 февруари, беа констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Share This Article