Власта го повикува СДСМ да ја поддржи стратегијата за следните 25 години

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мицкоски ја фрли ракавицата кон СДС, останува да се види дали СДС ќе ја надмине политиката на водење на Македонија од ден за ден.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повокува СДСМ да се приклучи во изработката на сеопфатната стратегија за развој на Македонија во наредните 25 години. Во париското соопштение утрово ВМРО-ДПМНЕ потсетува на вчерашниот повик на премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека е време за сериозен проект, затоа што на македонското прашање му е потребна енергија.

„Станува збор за проект кој Владата ќе се обиде да го договори со МАНУ и со универзитетската заедница. Идејата е проектот да биде сеопфатен и преточен во стратегија на државата до 2050 година. Целта на овој проект е да се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделскиот, технолошкиот, енергетскиот и транспортниот развој“,  рече вчера Мицкоски на одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Ракавицата од Мицкоски е фрлена кон СДСМ, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски потенцираше дека мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат, дека мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој на државата. Тој додаде дека потоа ќе побара широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија, затоа што на државата тоа ѝ недостасуваше со години. СДСМ сега треба да се надмине, да заборави на приоритетите на поединци, на партиските приоритети и да подаде рака за развој на државата после сите погубни политики кои ги водеа во последните седум години. СДСМ мора да ја надмине кратковидоста и да прифати државна стратегија, бидејќи само така Македонија ќе може да оди напред“, повикува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека на граѓаните им е потребна е стратегија и дека им е преку глава е од водење на државата „ден за ден“.

„Останува СДСМ да покаже што му е поважно, лични и партиски интереси или Македонија!“, се вели во партиското соопштение.

Share This Article