More

    Владина делегација положи цвеќе на гробот на Глигоров

    spot_img

    Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје.

    „Денеска, кога се навршуваат 12 години од смртта на Киро Глигоров, Владата му оддава признание на еден од врвните лидери од независноста на државата кој со своите мудри политички одлуки ги постави правците за развојот на македонската држава. Глигоров е еден од најистакнатите градители на современото македонско општество, чувар на мирот, доследен и успешен следбеник на македонските дејци за независна и признаена држава“, велат од Владата во соопштение до јавноста.

    Во написот се вели:

    „Претседателот Глигоров на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата и беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

    Киро Глигоров учествуваше во меѓународното признавање и афирмација на државата и ги постави темелните принципи за членство на денешна Северна Македонија во најмоќната воено безбедносна алијанса во светот НАТО и за прифаќање на државата за членка на Европската Унија“.

    Денеска се навршуваат 12 години од смртта на првиот претседател на независна Македонија. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img