Владина делегација го одбележа 8-ми Декември со положување цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Владина делегација составена од Агим Нухиу заменик министер за правда и Филип Николоски заменик министер за финансии, денеска по повод одбележувањето на државниот празник 8-ми Декември – „Свети Климент Охридски“, положи свежо цвеќе на споменикот на овој голем духовник и просветител пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, што го носи неговото име.
Со одбележувањето на овој ден, го одбележуваме делото на Свети Климент Охридски, големиот ученик на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј чие име се поврзува со почетоците на македонската писменост. Свети Климент Охридски оставил печат не само на македонската писменост и историја, туку и на историјата и на другите народи на Балканот, бидејќи е основоположник на Охридската книжевна школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет Свети Климент Охридски“. Почитувањето на јазикот и писменоста е почитување на историјата, самобитноста и различноста.
Share This Article