More

    Владимир Панчевски денеска треба да излезе од затвор откако Врховниот суд ја укина пресудата на Апелацискиот суд од Скопје

    spot_img

    Поранешниот судија и претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски, денеска треба да излезе од затвор откако Врховниот суд ја укина пресудата на Апелацискиот суд од Скопје.

    Врховниот суд, по спроведено вонредно преиспитување на пресудите на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје, донел решение со кое се укинува правосилната пресуда и случајот го враќа на повторно одлучување. Во одлуката која Врховен ја донел се констатира дека барањето на одбраната е основано односно дека му е повредено правото на одбрана на Панчевски, бидејќи кога судиите од Апелација одлучувале за жалбата не го повикале на седницата, односно таа не била јавна.

    Во затворот во Шутка е примено решението на Врховниот суд и во текот на денов Панчевски треба да биде пуштен на слобода.

    Панчевски имаше правосилна пресуда и пред две недели сам се пријави на издржување на казната. На Панчевски прво велешкиот суд му изрече затворска казна од 3,6 години, а Апелација му ја намали на 2,6 години затвор. Беше прогласен за виновен за злоупотреба на системот за распределба судски предмети АКМИС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img