Владимир Кецмановиќ останува зад решетки!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето-убиец кој уби деветмина негови другари и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани уште петмина, Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за нови 60 дена.

– Притворот на Кецмановиќ е продолжен поради околности кои укажуваат дека во случај на ослободување, тој за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постојат основани сомнежи дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност во јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка – соопштија од овој суд.

Да потсетиме, таткото на момчето убиец Владимир Кецмановиќ беше обвинет за сторено кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, со оглед на тоа што го однел 13-годишното дете до стрелиштето и го научил да пука како и дека не го чувал соодветно оружјето што го поседувал во куќата. Обвинетиот Кецмановиќ е во притвор од 3 мај минатата година кога беше уапсен.

Миљана Кецмановиќ беше обвинета за недозволено поседување, носење и трговија со оружје, бидејќи нејзината ДНК била пронајдена на чаура во училницата, како и на стегачот за коса со кој нејзиниот син направил молотов коктел.

Родителите на момчето убиец, да потсетиме, ја негираа вината во своја одбрана. Според српски Курир, сите присутни во судницата биле шокирани од изјавите кои ги дале.

Share This Article