More

    Владика Петар:Парацрковна структура во Бигорскиот манастир на чело со еписокопот Партениј која ѝ задава голем проблем на МПЦ

    spot_img

    Владиката Петар, митрополит Преспанско-пелагониски, во интервју за ТВ Сонце изјави дека постои парацрковна структура во Бигорскиот манастир на чело со еписокопот Партениј која ѝ задава голем проблем на МПЦ.

    – Ова е веќе сериозен проблем на нашата црква, ние моментално го решаваме проблемот со ПОА, а сега ова со парацрковната структура е и поголем проблем и поради националноста и поради нивната духовна ориентација – изјави г.Петар.

    Владиката вели дека за ова ќе зборува со архиепископот Тимотеј и други свештени лица на кои јасно ќе им каже дека нема да биде дозволена ваквата организација.

    – Имаме парацрковна структура во Бигорскиот манстир на чело со епископот Партениј, кој презема ингеренции мои како претседател на одделот за соработка на православните црвки и секако дека ова прашање мораме час поскоро да го ставиме на дневен ред во синодот, затоа што јас имам слобода да му кажам на нашиот архиепископот Тимотеј и други свештени лица, да пренесам дека ние нема да дозволиме да имаме парацрковна органзција на чело со Партениј во Бигорски кои „ме шетаат“ во мојата епархија, им порачувам да се тргнат и повеќе да не прават проблеми затоа што ситуацијата е сериозна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img