More

    Владата вети евтина струја за стратешките производи

    spot_img

    Доколку владата го исполни ветувањето дека од 1 декември прехранбениот сектор ќе добие струја по цена пониска од онаа што ја добиваат малите потрошувачи, веќе во декември може да се очекува стабилизирање на цените на брашното и на лебот, а по Нова година и да се намалат, велат производителите. Останатите компании од прехранбениот сектор засега не ја коментираат најавата за евтина струја и чекаат да видат колкава ќе биде нејзината цена.

    Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека 150 компании од прехранбената индустрија од 1 декември ќе имаат најконкурентна, фиксна цена за струјата, уште пониска од таа што ја плаќаат малите потрошувачи. Тој не кажа колкава ќе биде таа цена и рече дека ќе биде соопштена кога владат ќе ја донесе одлуката за тоа.

    Бектеши рече дека евтина струја ќе добиваа главно производители на млеко и млечни производи, леб и други основни прехранбени продукти.

    Првиот човек на Здружението на мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора Горан Малишиќ вели дека по Нова година може да се очекуваат пониски цени на брашното и лебот.

    – Ако владата овозможи мелниците и пекарската индустрија да добијат струја по цена од 80 до 100 евра за мегаватчас, за што веќе неколку недели преговараме, тогаш сигурно во декември цените на брашното и лебот ќе се стабилизираат, а веќе од следната година може да се очекува нивно намалување за 10 отсто. Се разбира ова важи, ако во меѓувреме репроматеријалите не поскапат. Засега кај репроматеријалите нема промени на цените. Сепак, дали ќе биде намалувањето на цените 10 или повеќе отсто одлучуваат компаниите зависно од своите трошоци и финансиските можности и од цената на струјата која ќе биде фиксирана од владата – вели Малишиќ.

    Тој додава дека оваа помош на владата ќе овозможи да проработи мелничката индустрија која поради високите цени на струјата мораше да го запре производството.

    – Моментално работат само мелниците кои произведуваат брашно за сопствени потреби. Останатите 70 отсто од мелниците во земјава се затворени поради високите сметки за струја. На пазарот го продаваме само брашното од резерви, а во маркетите го има и она од увоз, но очекувам по мерката да проработат мелниците – вели тој.

    Од останатиот прехранбен сектор се воздржани во најавите за поевтинување на нивните производи, ако од 1 декември добијат поевтина струја, како што најави Бектеши. Регулаторната комисија за енергетика при последното поскапување на струјата, за малите потрошувачи утврди цена од 13,8 денари за киловат во висока тарифа и 10,1 денар за ниска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img