Владата утре ќе ги донесе антикризните мерки со кои ќе бидат опфатени повеќе од 400.000 граѓани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата утре ќе ги донесе антикризните мерки со кои ќе бидат опфатени повеќе од 400.000 граѓани, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Со новите мерки ќе бидат опфатени најранливите категории, пензионерите, учениците, студентите и самохраните родители, што значи дека тие ќе може да сметаат на поддршка во наредниот период. За оваа цел ќе бидат искористени парите собрани од солидарниот данок кои најголемиот дел од компаниите веќе ги уплатија – информира Битиќи.

Битиќи очекува и останатите компании да го уплатат данокот.

– Според моите сознанија остануваат уште дваесеттина компании кои си ја завршиле обврската и нивните сметки сè уште не се блокирани – рече Битиќи.

Share This Article