More

    Владата се луксузира со морски плодови?

    spot_img

    Вкупно 20.500 евра ќе потроши Владата на свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови, пишува Алсат. Веста ја пренесоа повеќе медиуми. Наводно, склучени се три договори со фирма која треба да ја снабди храната. Првиот е вреден 12.800 евра и се однесува на свежата риба. Вториот договор, од 4.268 евра е за замрзната риба и октопод, додека третиот од 3.415 евра за морски плодови.

    Вкупната вредност на трите договори е 1.260.000 денари или околу 20.487 евра.

    Од Владата велат дека се работи за редовно годишно снабдување и додаваат дека најверојатно нема да се изврши целокупната набавка предвидена во договорот.

    – Станува збор за редовно годишно снабдување кое се врши етапно. Ќе се плаќа онолку колку што ќе се потроши, во зависност од бројот на посети на делегациите во текот на оваа година – рекоа од Владата.

    Меѓу другите набавки, Владата неодамна потроши и 37.000 евра за лажици, вилушки и за луксузни чинии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img