Владата презема мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Загадувањето на воздухот не е проблем што може да се реши за четири месеци власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нивото на загаденост на воздухот е високо бидејќи опозиционите душогрижници, СДСМ и ДУИ, седум години на власт не направија ништо и не преземаа никакви системски мерки кои досега би дале ефект, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сериозно и посветено работи на спроведување и изнаоѓање решенија за системско решавање на проблемот со загадениот амбиентален воздух. Амбиенталниот воздух особено е загаден во зимските денови со почетокот на грејната сезона, што јасно става до знаење дека начинот на затоплување на домовите е еден од причините за загаденоста“, се вели во соопштението.

За таа цел, наведува партијата, Владата веќе реализираше една од мерките за субвенциите за инвертер клими за граѓаните која ќе продолжи и понатаму. Дополнително, се вели во соопштението, Владата ќе обезбеди субвенции и за фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија.

„Исто така, ќе се воведат строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе се контролираат најголемите индустриски загадувачи. Освен ова, Владата ќе започне и програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори. Сите овие мерки, од кои што дел веќе се имплементираат паралелно со забрзаната гасификација на Македонија и со изградбата на когенеративната централа, ќе значат долготрајни решенија за намалување на загаденоста на воздухот и на среден рок ќе обезбедат почиста животна средина“, соопшти партијата.

Share This Article