More

    Владата одлучи да се ставаат налепници со ознаката „НМК“ на регистарските таблички, наместо да се менуваат табличките

    spot_img

    Владата на вчерашната седница одлучи да се ставаат налепници со ознаката „НМК“ на регистарските таблички, наместо да се менуваат табличките.

    Целта на ова решение што го предложило Министерството за внатрешни работи (МВР) е да се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и за правните лица за издавање повеќе нови документи, лиценци, сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската табличка, а истовремено во целост се испочитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија.

    Со ова решение им се олеснува и на транспортерите кои патуваат во ЕУ. Тие ќе ги задржат постојните таблички на транспортните возила, а истовремено ќе бидат заштитени од потребата за промена во целокупната документација во државите членки на ЕУ каде што извршуваат транспортни услуги.

    За операционализација на наведениот предлог Министерството за внатрешни работи веќе подготвува измена на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање.

    Со измената на правилникот ќе се предвиди можност на сите регистарски таблички кои ја содржат буквената ознака „МК“, на местото на кое е поставена ознаката „МК“, да се стави налепница на која е испишана национална ознака „НМК“. На постарите регистарски таблички со три броја, кои не ја содржат буквената ознака „МК“, ќе се предвиди можност за ставање налепница со испишана национална ознака „НМК“ на просторот пред местото каде е испишано регистрационото подрачје.

    Притоа, оставена е можност за избор на граѓаните, што значи физичките и правни лица доколку не сакаат да стават налепница на постојните регистарски таблички, можат да побараат и замена на старите со нови регистарски таблички.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img