More

    Владата одговори на барањето на Арсовска да му купи 250 автобуси на Град Скопје

    spot_img

    На Скопјани им треба брзо решение за излез од состојбите, а ова што го бара Арсовска е процес на набавка на автобуси што трае година до година ипол, велат од Владата во одговор на отвореното писмо што го испрати градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска до премиерот Христијан Мицкоски.

    – Пред Данела Арсовска да нуди дека парите за нови автобуси ќе ги ставела на посебна сметка, прво нека си ги плаќа ратите за автобусите кои ги набави Шилегов, за да не и ги плаќа Владата како што плаќа досега. Второ, Данела Арсовска треба да ги исплати парите кон приватните превозници кои им ги должи, а со чие функционирање се пополнува празнината на ЈСП со градскиот сообраќај – велат од Владата.

    Оттаму посочуваат дека Арсовска пред Владата и пред јавноста ветила дека ќе достави план за излез од состојбите во градот, а дека план нема.

    – Арсовска бараше програмите да бидат изгласани. Ние тврдиме дека за успешен град Скопје не е клучно гласањето на програмите, туку ефикасен менаџмент. Програмите се изгласани, а Арсовска сега смислува ново алиби за својата неуспешност – се вели во одговорот од Владата.

    Во четвртокот, градоначалничката на Град Скопје испрати отворено писмо до Владата во кое ја повика Владата да ја спроведе набавката на новите авотбуси, а доколку немаат средства за таа намена, како што наведе, со одлука на Советот на Град Скопје, ќе ги префрлат потребните средства за набавката.

    Од понеделник, и приватните превозници најавуваат дека ќе возат само еднаш наутро и дека ќе биде пуштен еден автобус на една линија. Бараат исплата на долгот кон нив и зголемување на цената за превоз, која како што велат, е ниска и е од 2017 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img