More

    Владата најавува мерки за штедење на енергенси

    spot_img

    По одземањето на лиценците на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Град Скопје има рок од 90 дена да се објави јавен повик за избор на нов снабдувач, потврди денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

    – Денеска на Влада е информацијата од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и Министерството за економија во однос на постапката и задолжувањето за да се објави повикот кој ќе биде отворен со можност да се пријават сите економски оператори. Имаме намера на повикот да аплицира и ЕСМ и се надевам дека наскоро ќе биде извршен и изборот – рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

    Дотогаш, како што рече, според Законот за енергетика, БЕГ, без разлика што им е одземена лиценцата, ќе треба да ја извршува дејноста до изборот на нов оператор.

    Битиќи најави дека ќе се направи се што е во доменот на возможно за да се подготвиме за што полесно да ја пребродиме зимата.

    – Наскоро ќе излеземе со тоа што е навистина возможно. Уште пред два месеци повикав на одредени мерки за штедење, а сега тоа го прават сите западни земји. Таму тоа не е смешно за разлика од нашето општество. Ќе ги преземеме сите мерки и ќе повикаме на разумност на сите чинители затоа што во воена и енергетска криза однесувањето на сите е битно за да може да ја пребродиме што полесно – порача Битиќи.

    Со фактот што имаме дефинирана цена и производство на електричната енергија до крај на годината, потенцира вицепремиерот, ние веќе сме осигурале еден сегмент на општеството, а тоа се сите кои се на регулираниот пазар на електрична енергија.

    – Другите мерки можат да бидат на нивно на апел за општеството, а и јавните институции ќе добијат насоки како треба да се поставуваат. На некои од министерствата со законските измени им се дозволува да инвестираат во обновливи извори на енергија со што ќе се намали нивната потреба од електрична енергија – појасни Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img