More

    Владата на својата официјална веб-страница во делот „отчетност“ ги објави платите на функционерите од владиниот кабинет

    spot_img

    Владата на својата официјална веб-страница во делот „отчетност“ ги објави платите на функционерите од владиниот кабинет.

    На врвот на табелата е премиерот Христијан Мицкоски со плата од 140.450 денари, односно околиу 2.280 евра.

    Вицепремиерите и министрите земаат нето-плата по 115.540 денари (1.870 евра), освен министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој зема дополнителни 20% во износ од 24.865 денари заради извршувањето на таа функција, па неговата плата изнесува 140.405 денари, скоро колку на премиерот.

    „На министерот за внатрешни работи во Влада на Република Северна Македонија му се утврдува зголемување за 20% на платата утврдена за извршување на функцијата. Додатокот на плата се исплаќа согласно решение бр.16-1561/2 од 12.06.2017 година“, информира Владата.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img