Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северната крајбрежна област каде што државната нафтена компанија „Петроперу “минатиот викенд излеа пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод, кој изведуваше маневри, предизвика излевање нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија „Талара“ во северниот дел на Перу.
Петроперу не откри колку сурова нафта се излеала во водите, но перуанската организација за заштита на животната средина ОЕФА, во прелиминарен извештај наведе дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку 7 плажи како и локалниот див свет.