Во понеделникот, Владата на Косово потпиша договор со турскиот државен производител на одбранбена индустрија „Макине ве Кимја Ендустриси“ (МКЕ) за операционализација на фабрика за муниција на Косово, која ќе произведува муниција од различен калибар според стандардите на НАТО, јавува Анадолија. .
Како што соопштија од кабинетот на премиерот на Косово, покрај производната механизација, потпишаниот договор предвидува и обука на персоналот, одржување на одреден временски период и опрема со системи за тестирање и калибрација на квалитет.
По пуштањето во употреба, фабриката ќе работи како јавно претпријатие и како 100 отсто локален бренд на Косово.
Имавме вежби заедно со турската армија, купивме опрема, муниција и оружје произведени од Турција и сега е време да се произведуваат заедно во нашата земја“, рече Курти на средбата со делегацијата на МКЕ пред церемонијата на потпишување на договорот.
Владата на Косово на 27 ноември го направи првиот чекор кон развојот на својата воена индустрија. Курти рече дека одлуката што ја донел пред седницата на Владата е неопходен чекор за гарантирање на одржливиот развој на армијата.
Како што најави Курти, фабриката ќе се занимава со производство на муниција, а ќе има и лабораторија за дизајн на дронови на Косово.