More

    Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за јули 2022 година

    spot_img

    Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за јули 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 јули, а деловните банки од 27.07.2022 година да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и трговската мрежа.

    Како што соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред.

    „За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2022 година (среда); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2022 година (четврток); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2022 година (петок), и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.08.2022 година (понеделник)“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img