Владата на денешната седница ги прифати измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на денешната седница ги прифати измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук,

Објаснувајќи ги измените, на брифинг со новинарите Oсмани минатата недела рече дека во игра останува конфискацијата на нелегално стекнат имот.
Измените на Законот предвидуваат правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство да се додадат како основа за воведување рестриктивни мерки од страна на државата. Инаку, досега рестриктивните мерки се носеа врз основа на обврзувачки резолуции на Советот за безбедност на ОН, потоа правни акти на ЕУ, правни акти на други меѓународни организации во кои членуваме и на барања од надлежни организации на други држави, но само за тероризам и пролиферација на дроги.

Законските измени кои Османи сакаше да поминат на Влада пред стапувањето на техничката влада се актуелизираа откако македонски функционери и бизнисмени се најдоа на американската „црна листа“.

Share This Article