More

    Владата ќе реагира по укинувањето на Центарот за македонски јазик во Лерин

    spot_img

    „Апсолутно. Тоа е уште еден показател дека за добрососедството само нашата страна се грижи“. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање дали Владата ќе реагира откако грчкиот Апелациски суд донесе одлука за укинување на Центарот за македонски јазик во Лерин.

    Но, Мицкоски нагласува дека нема да дозволи да биде вовлечен во политички игри.

    – Тоа нема да нè обесхрабри. Јас сум свесен дека таму им се потребни провокации за да ние изреагираме реципрочно и да направиме нешто кое што нема никаква врска со нашите интереси, односно остварување на втората наша цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Уште еднаш нашите партнери од ЕУ можат да сведочат на непочитување на договореното од страна на нашите соседи иако јас сум свесен дека тие ќе се вадат, дека е тоа е судска одлука. Но, нашинците ја имаат нашата поддршка и ќе ги поддржиме во барање на нивното право. Ние како политичари можеме да дадеме логистика, тука е и Европскиот суд за човекови права, така што тие ќе ја имаат апсолутно нашата поддршка. Нема да реагираме како во минатото. Свесни сме дека сè ќе направат нашите соседи за да нè вовлечат во нивната внатрешна политичка расправа и ќе ја направат Македонија како тема, но ние сме одговорни и зрели и тоа нема да го дозволиме – рече премиерот Мицкоски.

    Апелацискиот суд во Кожани, Грција, како што објави МКД, деновиве донесе одлука со која се поништува регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин. Активистите на Центарот најавија дека ќе ги искористат сите правни средства и оти ќе се жалат до грчкиот Врховен суд и до Судот за човекови права во Стразбур.

    Центарот за македонски јазик во Грција е формиран 2022 година како невладина организација/здружение со одобрение од грчкиот суд, со што стана првата организација, која директно се грижи за македонскиот јазик, која што е регистрирана и призната од грчките државни органи.

    Лани, во март, Основниот суд во Лерин, во две посебни одлуки, официјално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација.

    На новинарско прашање дали на средбите со европски функционери разговарал за одложено усвојување на уставни измени и дали наишол на поддршка, премиерот Мицкоски одговори дека нашата Влада не може да влезе во наивен процес каде што само ќе правиме отстапки без притоа да имаме јасна гаранција дека како држава ќе бидеме дел од европското семејство.

    – Едно од можните решенија може да биде, како што вие велите, уставни измени со одложено дејство. Но, од она што можам во моментот да го видам, а и што го слушаме, е дека никој ништо не може да ни гарантира. Бидејќи никој ништо не може да ни гарантира не можеме ниту ние да бидеме толкави оптимисти како што би сакале да бидеме и затоа овие два процеси кон полноправно членство во ЕУ и завршување на домашната задача ќе ги водиме паралелно, ќе бидеме фокусирани и на едниот и на другиот, ќе посветиме поголемо внимание на оној процес што зависи само од нас, а тоа е завршување на домашната задача. Доколку се појави двонасочна улица,ние сме тука, подготвени сме да разговараме. Според тоа, не е доволно само едната страна да сака нешто – потенцира Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img