Асаф Абдурамани е назначен за в. д. директор на Фондот за здравствено осигурување, соопшти Владата по денешната седница. Во соопштението на Владата нема повеќе детали за Абдурамани. Според неговиот профил на Фејсбук, вработен е како радиолог во Армијата.
Абдурамани доаѓа на местото на Фатон Ахмети, кој попладнево поднесе оставка од функцијата. Фондот има и генерална директорка, Магдалена Филиповска-Грашковска.
Ахмети, кој е кадар на ДУИ, својата оставка ја објави на Фејсбук, на албански и на англиски јазик, каде наведува дека ќе продолжи со неговата определба, „фокусирајќи се на партиските обврски, со максимална посветеност за реализирање на визијата на Али Ахмети“. Тој им се заблагодарува на колегите и сопартијците.
фото: МИА