More

    Владата и синдикатите блиску до договор, нова средба в понеделник

    spot_img

    Синдикатите и Владата се поблиску до заеднички прифатливо решение за платите во јавниот сектор. Веќе в понеделник се очекува нова средба, а до тогаш Министерството за финансии ќе анализира, како синдикалните барања би се одразиле врз Буџетот, вели во интервју за ТВ 24 првиот човек на ССМ – Слободан Трендафилов.

    Синдикатите остануваат на барањето, зголемување на платите врз основа на податоците за инфлација според кои минатата година таа беше двоцифрена нешто над 14 отсто. Според пресметките на синдикатите ако функционерите си ги намалат платите и ги доведат на ниво од пред покачувањето за 78 отсто, за секој еден вработен во јавниот сектор би имало по 1500 денари за покачување на платата.

    – Сметаме дека оваа година платите на вработените во јавниот сектор треба задолжително да ја покријат инфалацијата. Дел од синдикатите размислуваат тоа да биде во насока 12,55 проценти колку што се зголеми минамалната плата и на тој начин да се усогласат платите. Или пак процентот за кој е порасната просечната плата 10,9 проценти да биде основниот параметар имајќи во предвид дека од март 2025 година токму просечната плата ќе се множи по коефицинет на сложеност како што тоа е денеска случај за функционерите – вели Трендафилов претседател на ССМ.

    Во интервју за МИА Бесими вели се блиску се до решение за платите. Смета дека ако се продолжат со ова темпо за неколку денови ќе се заокружи ова прашање.

    – Сакам да бидам и повторувам дека сум рационален омптимист во смисла дека оптимизмот те става во конфорна зона и сметате дека не треба ништо да се ангажирате и дека работите ќе се решат сами по себе. Рационалниот оптимизам е дека треба тоа што го имаме како оптимистичко очекување, да вложиме напори да го постигнеме. Мислам дека има солидна клима, има меѓусебна доверба, волја за решение, треба уште некои финеси да ги дефинираме и доколку сме со овој интензитет, прашање на денови е кога би го заокружиле ова со синдикатите во интерес на сите граѓани – вели министерот Бесими.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img