Владата на седницата која е во тек му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да ги разреши двајца од тројцата извршни директори и на нивно место да назначи нови.Од должноста членови на Управниот одбор ќе бидат отповикани Фахрудин Хамиди, кој е воедно и извршен директор, и Љубе Стаменковски, секторски извршен директор.
На местото на Фахрудин Хамиди доаѓа Илир Мемети, а на местото на Љубе Стаменковски доаѓа Милан Кораќ, кој е оперативен инженер техничар во М- НАВ.
Третиот директор нема да се менува и на таа позиција останува Хасим Деари.