More

    Владата го разгледа и утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза и одлучи да го прати до Собранието со предлог да биде разгледан и усвоен по скратена постапка

    spot_img

    Владата го разгледа и утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза и одлучи да го прати до Собранието со предлог да биде разгледан и усвоен по скратена постапка.

    Од владината прес-служба  информираат дека финансиската помош е предвидена за следните категории граѓани:

    • корисници на посебен додаток;
    • корисници на правото на надоместок заради попреченост;
    • самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош;
    • корисници на право на пензија во висина до 19 000 денари;
    • ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари и
    • студенти кои живеат надвор од местото на студирање.

    Според предлог-законот, во наредните пет месеци, почнувајќи од декември 2023 година, финансиска помош од 2 000 денари месечно ќе добиваат корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

    Финансиската поддршка за корисниците на право на пензија во висина до 19 000 денари, за период од пет месеци, е предвидено да започне, исто така, од овој месец и да изнесува:

    • 3 000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14 000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка;
    • 2 000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14 001 денари до 16 000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата  на финансиската поддршка и
    • 1 500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16 001 денари до 19 000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка.

    Учениците од основното, односно средното образование чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари, ќе добиваат по 1 200 односно 1 800 денари месечно во период од шест месеци почнувајќи од декември 2023 година.

    За студентите кои живеат надвор од местото на студирање е предвидена парична помош во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 и не поголем од 1 200 денари месечно, во период од седум месеци, почнувајќи од декември.

    Исплатата на паричната помош е предвидено да се врши без поднесување на барање.

    Датумот на исплата на финансиската поддршка, додаваат, е предвидено да се објави на веб-страницата на Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Министерството за образование и наука, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец.

    Учениците од основното и средното образование кои ги исполнуваат условите за парична помош ќе треба да се пријават на повикот кој ќе биде објавен од Министерството за образование и наука (МОН).

    Пријавата се поднесува во училиштето во кое ученикот е запишан.

    Студентите ќе треба да се пријавуваат  на апликацијата e-uslugi.mon.gov.mk .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img