More

    Владата го демантира Топ чанел и вели дека медиумот шири лажна вест

    spot_img

    Не е згрешено знамето, па сменето, туку едноставно снимена е замената на знамињата, односно во прилогот на Топ чанел, злоупотребен е моментот кога е заменето знамето на ЕУ кое стои до државното за да се стави знамето на државата од каде доаѓа гостинот, во случајот премиерот на Косово, објави денеска македонската Влада како реакција на информацијата објавена од албанската телевизија „Топ Чанел“ според која „Курти вчера за малку ќе бил пречекан со знамето на Европската унија, наместо со тоа на Косово“.

    „Во врска со информацијата објавена од „Топ Чанел“, сакаме да истакнеме дека се работи за класична лажна вест. Обидот за намерно создавање забуна е повеќе од очигледен и нема да помине кај ниту еден свесен граѓанин. Имено, ако внимателно се гледа видеото, јасно може да се забележи дека се работи за промена на постојното знаме на ЕУ, кое беше таму на претходната прес-конференција, со ново знаме за настанот што следеше подоцна со косовскиот премиер. Овој вид на т.н. известување претставува класичен обид за релативизација на сите скандали и пропусти на претходната влада. Аматеризмот кога се грешеа знамиња на држави или се поставуваа наопаку не е, ниту може да биде случај сега со оваа извршна власт“, се наведува во реакцијата на Владата.

    Оттаму ги замолуваат медиумите пред да објавуваат вакви сензационалистички дезинформации и лажни вести, да ги проверат фактите. Во спротивно, тие стануваат дел од нечесната и валканата политичка битка на ретроградните сили кои доживеаа катастрофален пораз на изборите, се додава во реакцијата на Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img