More

    Владата ги пречека младите спортисти кои освоија 3 медали во Будимпешта

    spot_img

    Млади спортски јунаци од македонската Кик Бокс Маи Таи Федерација денеска беа на прием во владата каде остварија средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за спорт, Борко Ристовски.

    Тие освоија 2 златни и 1 сребрен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство што се одржа во Унгарија од 24 до 31 август 2024 година.

    „Нивната посветеност, напор и борбен дух се инспирација за сите нас и покажуваат дека соништата можат да се остварат со многу труд и желба. Горди сме на вас и ви посакуваме уште многу победи и успеси на светската сцена. Македонија е со вас, момци и девојки!“, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.

    Во исклучително силната кокуренција на најдобрите млади кик-боксери од целиот свет што настапија на Светското јуниорско ВАКО превенство што се одржа од 24 до 31 август во Будимпешта, македонските натпреварувачи нѐ израдуваа со 3 медали.

    Злато од СП на Македонија ѝ донесоа Марија Димовска (-60 кг, помлад јуниор, лоу кик), Силвио Мировски (-71 кг, постар јуниор, лоу кик), а сребрен медал освои Лука Змејковски (+81 кг, помлад јуниор, лоу кик). Без медал остана четвртиот македонски натпреварувач на ова СП, Максим Митровски (-71 кг, постар јуниор, К1).

    На Светското јуниорско ВАКО првенство во Будимпешта учествуваа 2256 спортисти од 68 земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img