Владата ги повлекла од Собрание предлог-измените на Законот за рестриктивни мерки со кои црните листи на САД и Обединетото Кралство би станале дел од домашниот правен поредок…
Од Илинденска б.б. велат дека измените на законот, кои претходниот премиер Димитар Ковачевски ги потпиша последниот ден пред да замине од функцијата е повлечен од собраниска процедура од административни причини.
„Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието“, соопштија од Владата.
Какви ќе бидат последиците од ваквото повлекување на измените на законот засега останува нејасно, имајќи го во предвид тоа што истите не добија поддршка ниту од сегашниот технички премиер и од министерот за правда, а жестоки критики доби и од дел од правната фела, кои оценија дека предлогот не е во согласност со Уставот и казненото право.