Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец мај, при што им препорача на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 мај.
Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 мај.
„Се препорачува за пензии со висина до 11 илјади денари, исплатата да се изврши на 29 мај 2023 (понеделник); за пензии со висина 11.001-14 илјади денари, исплатата да се изврши на 30 мај (вторник); за пензии со висина 14.001-18 илјади денари, исплатата да се изврши на 31 мај (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01 јуни (четврток)“, соопшти владината прес-служба.