More

    Вкупно 60 земјодлеци од светиниколско добија државна помош во износ од 75% од цената за купување на трактор

    spot_img

    Вкупно 60 земјодлеци од светиниколско добија државна помош во износ од 75% од цената за купување на трактор. Ваква помош претходно добија и земјоделци од Битола и Прилеп со што бојот се искачи на 730 земјоделци.

    За оваа поддршка државата обезбеди  500 милиони денари од програмата за рурален развој.

    Решенијата за помошта на земјодлеците им ги врачи премиерот Димитар Ковачевски во придружба на  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.

    -Распишаните четири јавни повици минатата година, меѓу кои и за поддршка при набавка на трактори, имаат рекордна заинтересираност досега. За нас ова значи доверба на земјоделците во искрените заложби на Владата да ја помогнеме и унапредиме земјоделската дејност, преку сите механизми што ни се на располаѓање. Тоа е поддршката преку државниот буџет, како и преку ИПАРД програмите, преку коишто создаваме современо, модерно, профитабилно, конкурентно, македонско земјоделство – изјави Ковачевски.

    Министерот, Николовски истакна дека голема е поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за модернизација на македонското земјоделство.

    -. Модернизацијата на македонското земјоделство покрај овој повик за набавка на трактори ја реализираме и преку поддршката за набавка на силоси, потоа преку поддршката во изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун, набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, или системи капка по капка – рече Николовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img