Вкупно 500 граѓани имале штета на патување во странство

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Половина од вкупниот број на исплатени штети се за покривање медицински трошоци осигурани со приватно здравствено осигурување. Од штети покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над 1 милиони евра. Над 500 наши сограѓани во август побарале и добиле обештетување од 100.000 евра за штети покриени со патничко осигурување за патување во странство. Ова го покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.

Според овие податоци, сите осигурителни компании за неживотни осигурувања само во август годинава исплатија над 9.800 штети вредни 312,5 милиони денари (5,1 милиони евра). Споредбата на податоците покажува дека осигуреници кои имале штети покриени со осигурување наплатиле 22% (57,3 милиони денари) повеќе во споредба со истиот месец 2022 година.

Најголеми растови на исплатени штети во август годинава во споредба со истиот месец лани има кај каско осигурувањето на моторни возила и кај приватното здравствено осигурување. За осигурени штети покриени со каско осигурување сопствениците на моторни возила во август наплатиле 63,4 милиони денари (1,03 милиони евра). Тоа е за 58% повисок износ на исплатени штети во однос на август 2022 година.

За медицински трошоци покриени со приватно здравствено осигурување во август осигуреници наплатиле 45,1 милиони денари (над 733.000 евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од истиот месец лани. И во август продолжува трендот најголемо учество во вкупниот број на исплатени штети да имаат токму штетите кои се неменети за покривање на медицински трошоци. Половина од сите исплатени штети во овој месец се однесуваат на приватно здравствено осигурување.

Од штети врз осигуран имот во овој месец осигуреници наплатиле 21,2 милиони денари (345.000 евра). Актуелно во период на летни одмори е и патничкото осигурување кое покрива штети при летување во странство. По ова осигурување компаниите на осигуреници им исплатиле 6,3 милиони денари (над 100.000 евра), што е за 17% повеќе од истиот месец лани.

Очекувано, најголем износ на исплатени штети има кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО) кое е всушност и најголема осигурителна класа. Во август се исплатени 153,8 милиони денари (2,5 мил.евра) и тоа е за 17% повеќе од лани.

Во вкупниот износ на исплатени штети во август „Уника“ учествува со 12%, „Триглав осигурување“ со 12,7%, „Винер ВИГ“ со 11%, „Сава осигурување“ со 13,8%, а „Осигурителна полиса“ со 5,9 %. Учеството на „АДОР Македонија ВИГ“ е 8,7%, на „Евроинс осигурување“ е 4,4%, „Еуролинк“ учествува со 10,4%, „Кроација осигурување – неживот“ со 10,9%, „Халк осигурување“ со 8,4% и „Граве неживот“ со 1,8%.

Share This Article