More

    Вкупно 20 инвестициски проекти се доставени на Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи на ТИРЗ наменет за македонски компании

    spot_img

    Вкупно 20 инвестициски проекти се доставени на Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи на ТИРЗ наменет за македонски компании. Апликантите се средни и големи компании од Кавадарци, Скопје, Струмица, Кочани и Битола.

    Како што информираа од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, компаниите се доминантно извозни со остварен приход од над 217 милиони евра во последната година. 65% од остварените приходи овие компании ги реализираат од извоз во ЕУ, САД, Азија, Блискиот Исток, Канада, Африка и Западен Балкан. Овие компании вработуваат повеќе од 3000 македонски граѓани.

    Инвестициските планови на овие компании се од областа на металопреработувачката индустрија, автомобилска, фармацевтска, машинска, дрвна, градежништво, преработувачка и креативни индустрии.

    – Ова е само прва фаза од Програмата за развој на добавувачи со која е предвидено да бидат опфатени 10 инвестициски проекти. Македонските компании чии инвестициски проекти ќе бидат избрани во оваа фаза ќе добијат техничка помош со цел да ги зајакнат извозните капацитети, да станат  поконкурентни и да бидат дел од синџирот на добавувачи на странските компании во земјава, но исто така ќе добијат и техничка помош за финализација на инвестициските планови. По успешно завршување на техничката поддршка компаниите ќе имаат можност да побараат финансиска поддршка за спроведување на инвестициските планови во рамките на програмите на ТИРЗ и Владата – велат од Дирекцијата.

    Jавниот повик за Развој на добавувачи наменет за домашни средни и големи компании го спроведува ТИРЗ во партнерство со Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка, а поддржани од Швајцарскиот Секретаријат за Економски прашања, СЕКО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img