Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата не го валдеел македонскиот,затоа пресовите на албански и англиски јазик

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи на новинарско прашање за оценките по првите денови од преземањето на функцијата, смета дека Стратегијата за борба против корупцијата не е спроведена и изрази сомнеж дека тоа е заради спрега помеѓу функционери и бизнис секторот.

– Слушнавме за заклучоците од извештајот на ДКСК, знаеме дека Стратегијата за борба против корупција не е спроведена. Тоа е резултат на недостиг на политичка волја. Имаме добри стратегии, добри закони на хартија, но кога станува збор за спроведувањето, претходната Влада едноставно не била заинтересирана. Тоа е заради нивни сопствени судири на интереси и нивни сопствени бизниси во институциите, рече Фетаи.

Вицепремиерот Фетаи по посетата на Гостивар и неговото прво појавување во јавноста даде изјави на албански и на англиски јазик, бидејќи како што рече на македонски не можел да се изрази. Тој зборуваше и за приоритетите кои ќе ги определи со неговиот тим и се фокусирани на три правци.

– Прво ќе биде прашањето за конфискација на имот на владини функционери. До септември се надевам дека ќе имаме нова стратегија за финансиски истраги и конфискација на имот. За првпат, ова прашање ќе биде кренато на највисоко политичко ниво, наместо на техничко ниво, на ниво на државни службеници, посочи Фетаи.

Како втор приоритет го нагласи доброто владеење и транспарентност со кој ќе биде опфатена Стратегијата за транспарентност на Владата и нејзино ревидирање, бидејќи како што рече да се идентификуваат предизвиците и препреките.

Како еден клучните приоритети, тој ја спомена и соработката со локалната власт и зацврстување на транспарентноста.

– Имаме Закон за пристап до информации од јавен карактер што одвај се спроведува. Само неколку институции ја исполнуваат законската обврска што се однесува до документи кои треба да бидат јавно достапни, рече Фетаи.

Најави дека во наредниве денови го очекуваат средби и консултации со меѓународните партнери, националните институции партнерите за борба против корупцијата, како што се Јавното обвинителство, Државниот завод за ревизија, Канцеларијата за ревизија на ИПА фондови.

– Работите фаќаат тек, но ми треба и малку време за да имаме јасно утврдени приоритети кои ќе ги остваруваме до крајот на годината. Не сакам да брзам премногу пред да ги утврдиме следните чекори, подвлече вицепремиерот Фетаи.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article