Вицепремиерот повторно објави фотографии од „спортски активности“ во неговиот кабинет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нова фотографија од играње фудбал во кабинетот на вицепремиерот за политички систем и односи со заедниците Артан Груби е објавена на неговиот профил на Фејсбук.

Овојпат во неговиот кабинет, во кој има мали голчиња за фудбал, своите фудбалски вештини ги демонстрира неговиот гостин Александар Сорос, син на познатиот милијардер, филантроп и финансиер Џорџ Сорос.

– Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата „Отворено општество“, г-дин Александар Сорос – напиша Груби.

Минатата недела Груби објави фотографии како во својот кабинет игра фудбал и кошарка со своите сопартијци, што предизвика лавина реакции во јавноста, па тој мораше да се правда и да објаснува.

Share This Article