Покрај употребата на мед во готвењето, медот има долга историја на употреба во медицината. Дури и старите Египќани го користеле медот за медицински цели, а најлудото е тоа што медот што бил зачуван во нивните пирамиди и гробници илјадници години, и денес е безбеден за јадење.
Постојат неколку фактори кои придонесуваат за вечниот рок на траење на медот. Медот има ниско ниво на влага и се состои од природен шеќер. Поради своите својства, може да ја апсорбира целата влага од околината, дури и во сушните периоди од годината.
Бактериите и другите микроорганизми кои предизвикуваат мувла не можат да преживеат без вода, па се додека медот е правилно затворен, овие бактерии не можат да растат. Медот исто така има прилично ниска pH вредност, што значи дека е релативно кисел и покрај неговиот сладок вкус. Одржувањето на ниска содржина на влага е клучно за долг рок на траење на медот.
Пчелите имаат посебен ензим во стомакот кој помага да се претвори нектарот од цветовите во златен мед, а истиот тој ензим произведува мала количина на водород пероксид, кој го спречува ширењето на бактериите.
Медот може да се додаде на сè, од чинија овесна каша или шолја кафе до прелив за салата, леб, па дури и сладолед. Можеби сте слушнале дека популацијата на пчели се намалува, а тоа би можело да предизвика проблеми за многу од храната што ја знаеме и сакаме, пишува магазинот Смитсонијан, а пренесува MSN.