More

    Високиот крвен притисок е сè почеста појава кај децата

    spot_img

    Иако повеќето луѓе веруваат дека висок крвен притисок или хипертензија се јавуваат само кај постарите лица, денес станува се почеста и кај децата.

    Педијатрите објаснуваат дека колку е помладо детето, толку е поголема веројатноста дека високиот крвен притисок е предизвикан од специфична и препознатлива медицинска состојба. Постарите деца можат да развијат висок крвен притисок од истите причини како и возрасните, имено дебелината, односно прекумерна тежина, лоша исхрана и недостаток на вежбање.

    Промените во животниот стил, како што се здрава исхрана со малку сол и повеќе вежбање, можат да помогнат во намалувањето на високиот крвен притисок кај децата, но во некои случаи, лековите се единственото решение.

    Затоа, третманот на високиот крвен притисок кај децата не се разликува многу од третманот на висок крвен притисок кај возрасните.

    Иако високиот крвен притисок кај децата обично не предизвикува симптоми, постојат одредени показатели кои можат да укажат дека настанала таканаречена хипертензивна криза, инаку екстремно опасна по живот состојба.

    Знаците вклучуваат главоболки, напади, повраќање, болка во градите, забрзано отчукување на срцето и отежнато дишење, а сите тие бараат итна медицинска интервенција.

    Кога да се оди на лекар?
    Крвниот притисок на вашето дете треба да се проверува при рутински прегледи почнувајќи од тригодишна возраст, а при секој следен преглед доколку се утврди дека детето има висок крвен притисок, пишува од клиниката Мајо.

    Исто така, ако детето има состојба која може да го зголеми ризикот од висок крвен притисок, вклучувајќи предвремено породување, ниска родилна тежина, вродени срцеви заболувања и одредени проблеми со бубрезите, мерењето на крвниот притисок може да започне веднаш по раѓањето, пренесува Index.hr.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img