Високи функционери на ДУИ во составот од потпретседателот Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, градоначалник на општина Чаир Висар Ганиу сношти по покана од поранешен пратеник Реџеп Мемеди заедно со своите соработници се сретнале со жителите на Студеничани.
Како што информира Меџити, кој е дел од огранокот на ДУИ „огнените“, Мемеди и неговите истомисленици од вчера се приклучиле на „каузата за промени, фер и чесна кауза, која од ден на ден добива помоќна поддршка“.
Потпретседателот на ДУИ и пратеникот, Изет Меџити во изјава порача дека „народот се обединува во Студеничани“.
– И кога сме биле политички противници, сме го зачувале општеството, почитта, хуманоста. И кога бевме опоненти, никогаш не ги заборавивме коментарите на Каршиака, ДУИ и оние кои не не поддржаа – рече Меџити пред присутните.
Меџити од Студеничани апелираше што повеќе чесни луѓе да се приклучат на каузата, за да бидат, како што рече, посилни.
Тој воедно му се заблагодари на Мемеди за собирот, кој го окарактеризира како поинаков од планираното, кој според него требало да биде мал, но се претвори во масовна средба со населението.