Во сите земји од регионот и денеска се во сила предупредувања за високи температури поради топлиот африкански бран кој трае со денови, а можен крај и заладување може да се очекува за десетина дена.
Во Македонија овие денови ќе биде многу жешко, во некои делови од земјата температурата ќе достигне и до 43 степени. Метеоролозите предупредуваат на многу висок УВ индекс – 10.
Прогнозираните температури на воздухот се од 35 до 40 степени, а температурата на морето е висока и се движи од 24 до 27 степени Целзиусови.
Локално и за денеска е најавено невреме со грмежи и со обилни врнежи од дожд, како што беше и синоќа во осијечко-барањската жупанија каде што силен ветар собори дрвја, па интервенираа и пожарникари.
Во делови од Босна и Херцеговина денеска температурата ќе достигне 41 степен, главно на југот од земјата, но ќе има и изолирани локални врнежи. Температурата на морето во Неум вчера изнесуваше 29 степени.
Жешко со температура до 40 степени денеска ќе биде во одредени делови на Црна Гора, на приморјето, додека, според најавите, во Подгорица ќе биде за два степени повисока. Температурата на морето е 26 степени. УВ индексот е многу висок и изнесува 10.